Охриѓани со тужба до Паско Кузман - им го покрил убавиот поглед кон Охридското Езеро

 

Жителите на улицата „Браќа Миладиновци“ поднесоа кривична пријава против екс директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман, бидејќи со негова дозвола се изградила висококатница во стариот дел на Охрид, објавува Канал 5.

Охриѓаните бараат јавниот обвинител за организиран криминал да ја испита одговорноста на Паско Кузман, на директорката на Завод и музеј и на архитектот, бидејќи сметаат дека не го почитувале законот за заштита на Охрид. Жителите се жалат бидејќи куќата на четири ката на дваесет метри до Античкиот театар, го покрива убавиот поглед и ги обезвреднува куќите во овој дел од градот.

Жителите велат дека оваа куќа е изградена спротивно на Законот за Охрид, кој предвидува во стариот дел од градот да не се дозволува менување на висината, фасада и габаритот, бидејќи би се нарушил изглед на градот. Од Завод и музеј, пак, тврдат дека градбата е во согласност со ДУП и дека нема ништ незаконско во градбата.

најчитано сега