Се распаѓа владата на Еди Рама

 

Смената на четворицата министри во Владата на Албанија не е поврзана со притисокот од страна на опозициските демократи, ниту пак со некакви недоразбирања со владиниот коалициски партнер, туку таа се должи на потребата да се раководи предизборната кампања на Социјалистичката партија, објави доцна попладнево на својот профил на Фејсбук, албанскиот премиер Еди Рама.

Образложи ги причините за смената на министрите Рама нагласува дека тие не се разрешени поради слаби резултати во работењето, додавајќи дека напротив за нивната работа дава максимално позитивна оценка.

- Во изминатите 24 часа слушавте разно разни конспиративни теории околу смените во Владата.Тука сум за да ви кажам дека овие смени немаат никаква поврзаност со изборни претстави, немаат никаква врска ни со пратениците на Демократската партија (ПД), кои престојуваат во шаторите и држат ноќна смена. Нема никаква врска ни со музиката во празните шатори на ПД, која е под нивото на ноќните клубови. Овие смени не се поради работата на министрите,напротив можам да кажам само пофални зборови за нивната тригодишна работа. Саимир Тахири е шампионот од Кабинетот, кој ја претвори полицијата во најзначајна институција на која граѓаните најмногу и веруваат, наведе Рама.

Искажувајќи само пофални зборови и за тројцата други сменети министри, Рама најави дека нивните места ќе ги пополни со други социјалисти, но не ги спомна имињата.

Рама не заборави да каже дека смените не се никаква последица од притисокот на неговиот коалициски партнер, лидерот на Социјалистичкото движење за интеграција и актуелен спикер на парламентот, Илир Мета,

- Мета ме почитува и ја поддржува мојата улога како премиер, без никаква забелешка, во именувањето или смената на министрите, тврди Рама.

Според него, смените во Владата се направени со цел „овие искусни и почитувани партиски личности да се ангажираат во предизборната кампања“ за парламентарните избори закажани за 18 јуни.

Тој упати апел до сите социјалисти да одат од врата до врата со цел „да почнат нова битка за една Албанија на новата генерација“.

- Музиката ќе продолжи, карванот оди напред, заврши Рама, иронизирајќи ги протестите на демократите и продолжувањето на нивната веселба по веста за заминувањето на министрите

 

 

 

 

 

13.03.2017 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега