Македонска пејачка се врати со оштетен автомобил од Грција

 

Црвен спреј на пасатот доби и Аделина Тахири. На плажа во Неа Врасна покрај останатите настрадал и нејзиниот автомобил. И ги покриле ознаките МК, а со спреј ги испрскале и браниците, јавува Сител.

Аделина за телевзијата вели дека најверојатно на вандалите им снемало спреј па нејзиниот авотмобил не бил цел офарбан

 

Познатата пејачка која од дете оди на одмор во туристичкото место Асправалта каде нејзиното семејство има и вила е згрозена од случајот. Вели дека неа и најголемиот број туристи не ги интересира политиката и не верувала дека баш неа ќе може да и се случи тоа.

 

Покрај Аделина, во МВР оштетување на автомобилот пријавиле уште двајца македонски државјани. Во Неа Потидеа на гевгеличанец и струмичанец им ги украле табличките. Сите тројца случајот го пријавиле во грчката полиција. Сител токму таму денеска побара одговор, дали досега успеале да пронајдат некој од уништувачите на македонски автомобили. Од грчката полиција велат не одговарале на прашања на странски новинари.

 

Проблем со полицијата во Грција имала и Аделина Тахири. Таа вели дека два дена ја враќале во намерата да го пријави случајот и да земе потврда за да го активира осигурувањето за автомобилот. На крајот си заминала без потврдата бидјеќи морала да се врати во Македонија на настап.

 

 

Од почетокот на сезоната бројката на оштетени автомобили во Грција достигна 53, од кои 37 се кражби на таблички. Најмногу проблеми имале македонците кои летувале во Ханиоти и Неа Пори. Во 34 од случаите оштетувањата се пријавени и кај грчката полиција но македонското МВР досега не никаква информација од своите колеги за спроведена истрага. 

13.08.2013 - 16:03

најчитано сега