Паско Кузман си доби обвинение
Обвинителството за организиран криминал подигнало обвинение против сите 16-мина обвинети во Фаланга 2. Паско Кузман подоцна беше приклучен кон Фаланга 2, откако полицијата го уапси под сомнение дека ја злоупотребил службената положба. Тој се сомничи дека нелегално издал согласност на приватни лица за ископување на две локации, во катлановско и во делчевско.
Според Канал 5, адвокатот на Паско Кузман, Новаковски веќе го пишувал приговорот на обвинението. Според него, не постојат елементи на кривичното дело за кое се товари Кузман и дека нема поврзаност со делата за кои се товарат останатите обвинети во Фаланга 2.
Минатата недела, Новаковски, за Кузман да се брани од слобода поднел гаранција во имот, односно семејната кука во Охрид и ниви.
Останатите обвинети во Фаланга се товарат за вршење на нелегални ископувања и одземање на археолошки предмети од непроценлива вредност. Според обвинението, тие ги препродавале археолошките предмети во странство. Адвокатите на обвинетите на ова реагираа дека предметите кои беа запленети во акцијата всушност не биле артефакти, туку копии.
Се очекува обвинетите од Фаланга да седнат на обвинителна клупа во септември во скопскиот кривичен суд.
ФОТО: Плусинфо