Ајде сите да ги бодриме нашите фудбалери - Македонија - Бугарија вечерва пријателски на „Филип Втори“
Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (почеток 20 часот и 45 минути) на Националната Арена „Филип Втори“ ќе одигра пријателски натпревар со репезентацијата на Бугарија.
Нашите фудбалери од понеделникот се заедно и веќе двапати тренираа, а за селекторот Чедомир Јаневски овој дуел е последен контролен пред продолжувањето на квалификации за Светското првенство во септември.
И во септември двата дуела од квалификациите со Велс и со Шкотска ги играме на домашен терен.
На местото на повредениот Александар Тодоровски селекторот не повика нов играч.
На последните два натпревара од квалификациите со Белгија, како и на пријателските со Шведска и со Норвешка реализацијата беше главен проблем. Но, повиканите фудбалери, пред се напаѓачите се во добра голгетерска форма во своите екипи.
- Добро е да ја прекинеме серијата негативни резултати. Сите напаѓачи се во добра форма и постигнуваат голови. Очекувам да се оствари победа на домашен терен, истакна Јован Костовски.
Македонија и Буграија досега имаат одиграно пет натпревари. Нашата репрезентација има една победа, Бугарија победувала три пати, а еден натпревар завршил нерешено.