Звер: Нови избори се решение за излез од криза
Словенечкиот европратеник Милан Звер вели дека решение за политичката криза во Македонија се спроведување на нови избори. Тој во изјава за Канал 5, вели дека доколку партија која освоила најмногу гласови на изборите не може да формира влада тогаш треба да се распишат нови, бидејќи влада која би ја предводела СДСМ нема да донесе сигурност на државата но и на регионот.
-Мислам дека целата енергија треба да биде насочена да се формира влада меѓу партиите кои се победници на изборите. Да формираат влада, кога беше влада на Груевски тогаш имаше стабилност, сега се покажува нешто друго иако мислам дека тоа нема да придонесе за стабилност во регионот. Јас мислам дека тоа може да биде решение. Ако партијата која победила не може да формира влада, тогаш треба да се одржат нови избори, вели Звер за Канал 5.
Тој додава дека се прави голема грешка наместо Европската Унија и САД помогнат да се формира силна влада, мислам дека отежнуваат отколку што помагаат.
- Европската унија и Словенија, заинтересирани се да постои силна влада не само поради мигрантската криза туку воопшто. Јас не разбирам зошто ЕУ и САД дозволуваат да се случува ова во Македонија, вели Звер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа