Квалитетна услуга и заштеда на време: НБРМ со електронско банкарство

 

Електронско банкарство за извршување на платниот промет со странство за потребите на државата и државните органи, воведе Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

Услугата ќе биде достапна од идниот месец, а целта е, како што соопшти НБРМ, поквалитетни и поефикасни услуги, како и заштеда на време, човечки и материјални ресурси кај државните институции.

- За промоција и запознавање со предностите на електронското банкарство, во изминатиот период во рамки на Народната банка беа организирани презентации на кои присуствуваа околу 260 претставници од над 90 државни институции од централната и локалната власт. Учесниците на презентациите беа запознаени со функционалностите на системот кој овозможува побрз проток на документи и информации преку електронско доставување на налози за плаќање кон странство, електронско известување за пристигнати приливи, како и електронско доставување на барања за подигање и враќање на готовина, информира НБРМ. 

Услугата нуди и поповолни надоместоци за електронски доставените налози во однос на хартиените налози.

- Со реализацијата на овој проект, Народната банка ја потврдува заложбата за дигитализација на домашната економија како стратешка определба на Република Македонија за приближување кон Европската Унија во оваа област, стои во соопштението.

 

 

 

22.03.2017 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега