Хотел Хилтон ќе никне во населба Аеродром

 

Стартуваше изградбата на хотелот кој неодамна го најави бизнисменот Ајдован Адемовски. Според информациите кои ги објави порталот Фактор.мк, новиот хотел ќе никне покрај кејот на Вардар, спроти универзитетот ФОН и ќе го носи брендот на Хилтон.

Според предвиденото, хотелот ќе има капацитет од 170 соби, 6 конференциски сали и спа центар од еден од најпознатите синџири на спа центри во светот. Инвеститори на хотелот се City Plazа и Stone Bridge, пишува Фактор.мк Според неодамнешните најави, градбата ќе ја врши македонско-турската фирма PERA Constuction, во која Адемоски е еден од партнерите.

Инаку, Адемоски е застапник и на франшизите на турските брендови за бела техника BEKO и Arcelik, модните брендови Roman, Koton, Sarar и Casharel, а неговата градежна фирма работеше на повеќе странски гринфилд инвестиции во земјава. 

Извор: Фактор.мк

ФОТО: Фактор.мк

најчитано сега