СДСМ: Студентските легла се делат по партиски клуч
Министерот Спиро Ристовски наместо да упатува празни апели и повици до надлежните за фер распределба на местата во студентските домови, треба да преземе конкретни мерки за спроведување на законска и транспарентна постапка.
Денешната изјава на Ристовски во која што тој одговорноста ја префрлува на управителите на домовите, комисии и слично, отвора сомнеж дека и годинава студентските легла ќе се делат по партиски клуч.
Ако власта е искрена во определбата за транспарентност, тоа може да го направи едноставно, користејќи современи софтверски решенија за распределување на студентските легла.
Со години јавноста е сведок дека распредлабата на леглата во домовите се одвива исклучиво во интерес на партиските членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ.
Досега, за ова, никој не е санкциониран ниту разрешен.
СДСМ бара Владата да го прекине партизирањето и на студентските домови и изборот на студентите кои имаат најголема потреба од легло во домовите да го направи со компјутерска селекција како во сите современи земји во светот.
Интегрален текст од реакција на СДСМ.