Мајка си ги убила новороденчињата и си ги закопала во двор
Полицијата од српскиот град Крушевац уапси жена за која се сомнева дека ги убивала децата при породување, објавија српските медиуми.
Жената е од селото Црквин, во близината на Крушевац.
Според српските медиуми, жената едното новороденче го убила пред две недели, а другото минатата година. Телата на мртвите бебиња, според полициската истрага, ги закопала во дворот на куќата.
Осомничената е примена во специјална психијатриска установа, но против неа ќе биде покрената кривична пријава во редовна постапка.