ВМРО-ДПМНЕ: За СДСМ знамето, химната и името немаат никакво значење

 ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини СДСМ дека со своето молчење продолжува да работи спротивно на волјата на граѓаните.

Како што соопшти, за СДСМ и нејзиниот лидер Зоран Заев македонското знаме, македонската химна и името немаат никакво значење.

- Криминалецот Заев со својата антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистичките страсти во регионот и затоа не смее да осуди ниту една негаторска изјава која доаѓа од Зијадин Села, Билал Касами, Еди Рама и многу други. Последен во низата е Бујар Османи кој јавно пред народот изјави дека не ја признава македонската химна. Бујар Османи кажа: „Не ја признаваме како наша химната на Македонија затоа што не ја рефлектира албанската заедница“. Криминогениот СДС и ова го премолчи, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ако СДСМ ја сакаше Македонија, немаше да ја прифати тиранската платформа. 

- СДС да го почитуваше македонскиот народ немаше да дозволи нелегално да се избере претседател на Собрание. Зоран Заев барем малку да имаше почит кон граѓаните немаше Македонија да ја втурне во подлабока политичка криза. Затоа граѓаните бараат СДС да ја отфрли тиранската платформа и да го повлече претседателот на Собранието кој беше избран спротивно на Деловникот. Време е СДС да го слушне гласот на народот, стои во соопштението. 

 

 

 

10.05.2017 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега