Денеска ќе се одлучува за ресорите и имињата во новата Влада

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вчера попладне оствари средба со лидерот на „Алијанса за Албанците“, Зијадин Села во Тетово. По средбата Заев изјави дека утре ќе почнат разговорите за ресорите и имињата во новиот владин тим, и дека се прават напори за што поскоро формирање влада.

- Разговорите течат со сите политички партии. Се надевам дека ќе ги заокружиме важните принципи за она што е интерес за граѓаните на Република Македонија и за нашата заедничка земја. Драго ми е што во тој дел работите се движат во позитивен правец. Верувам дека денеска, утре ќе почнеме да разговараме нешто и за ресорите и имињата - истакна Заев и додаде дека е задоволен од текот на работите.

Порача дека прават напори, ако не друго, заради Брисел, но верува дека поважен е квалитетот и она што е во интерес на граѓаните.

 

 

 

23.05.2017 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега