Заев пред средбата со Груевски: Да му дадеме уште една шанса на дијалогот

Да се даде уште една шанса на дијалогот. Со ваква изјава, Претседателот на на СДСМ Зоран Заев, заминува на средбата со премиерот Груевски. 

„Постои уште една шанса за разговорите. Официјално до 24 се уште е отворена можноста да се донесат заклучни согледувања и препораки како извештај од работењето на комисијата за настаните за 24-ти.“ - вели Заев во изјава за Радио Слободна Европа.

Тој за половина час треба да одржи средба со премиерот Никола Груевски во владата на која ќе се разговара за деблокадата на експертската комисија која треба да ги расчисти настаните за 24 декември.

19.08.2013 - 13:29

најчитано сега