Вака ви ги земаат парите од џеб - 5 уреди кои трошат струја и кога се исклучени

 

Дали знаевте дека некои домашни уреди можат да водат „таен“ живот и да продолжат да работат дури и кога ќе го притиснете копчето за исклучување? Во листата на такви уреди спаѓаат уреди кои веројатно никогаш не сте ги исклучиле од струја:

1. Полнач без мобилен телефон - полначот оставен во штекер продолжува да троши електрична енергија дури и кога не е закачен на мобилен телефон. Потрошувачката е минимална, па нема многу да влијае врз паричникот.

2. Дигитален ТВ приемник - ТВ приемниците продолжуваат да работат и кога ќе ги исклучите, па поради ова годишно фрлате 22 евра.

3. Телевизор - вие знаете дека кога ќе го притиснете копчето за исклучување, всушност не го исклучувате телевизорот, туку само го префрлувате на режим мирување? Ова годишно ве чини 52 евра.

4. Компјутери и лаптопи - Дури и кога се исклучени, оеие уреди и понатаму работат и трошат електрична енергија. Меѓутоа, ако ги исклучите од струја годишно ќе ззаштедите и до 100 евра.

5. Уреди со тајмер - еден многу незабележителен детал е тајмерот на шпоретот, микробрановата или машината за перење алишта, за јасно да ви покаже дека уредот работи. Со сиклучување на овие уреди од електрична енергија ќе заштедите 120 евра годишно. 

 

 

 

28.06.2017 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега