Еве во чии раце отиде наградата „Мајка Тереза“ оваа година

Оваа година државната награда „Мајка Тереза“  оди во рацете на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, и Живко Поповски, сликар, хуманист и новинар.

Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот на својата седница одржана на 26-ти јуни донесе Одлука за доделување на државната награда „Мајка Тереза” во 2013 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.
 
На 26-ти август во 12 часот во Порта Македонија на добитниците ќе им биде врачена наградата.
20.08.2013 - 10:02
Фото: 
Дневник

најчитано сега