Илчо Наумовски пред трансфер во Интер
Поранешниот напаѓач на фудбалската репрезентација на Македонија Илчо Наумоски кариерата ќе ја продолжи во Интер но не во италијанскиот прволигаш туку во Интер Баку од Азербејџан.
Илчо во петокот се појавил во тренинг центарот и веќе ги има направено сам првите тренинзи. Договорот се очекува да биде потпишан на една година. Покрај Наумовски во овој клуб настапува уште еден Македонец Славчо Ѓеоргиевски.
Наумоски доаѓата од австрискиот Матерсбург тим во кој настапи од 2005 година и досега одигра 197 меча во кои постигна 46 голови.
За националниот состав на Македонија настапи на 45 средби и постигна 9 голови.
20.08.2013 - 10:36
Фото:
Много