ВМРО-ДПМНЕ: Брзо откривање на вандалите на гробиштата во Љуботен
ВМРО-ДПМНЕ денеска побара брза и ефикасна реакција на органите на државата за откривање на лицата кои ги оштетија гробовите во село Љуботен.
- Загрижува молкот на надлежните институции после вандалскиот чин во село Љуботен кога беа сквернавени и уништени триесетина православни гробишта во ова село. Овој срамен чин внесува немир и подгрева тензии. Затоа е неопходно брза и ефикасна реакција на органите на државата, изјави Коце Тапшановски.
Според Тапшановски, Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи имаат одговорност да работат 24 часа и итно да ги пронајдат сторителите.
- Секое неоправдано одолговлекување на истрагата од страна на МВР отвора сомнеж дека ваквото дело било направено свесно со и цел да се предизвика страв и нервоза помеѓу населението, за да се протуркаат некои сериозни политички потези на новата власт, вели Тапшановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа