Гаврилов: Сведоци сме на лицемерието на СДС

 

Интеграледн текст од ВМРО-ДПМНЕ од изјавата за медиуми, при што се обрати Коче Гаврилов:

Сведоци сме на лицемерието на СДС.

СДС со ребалансот на буџетот кратат 400 милиони денари од капитални проекти, а зголемуваат над 2 милиони денари во ставката Угостителство. 

Имајќи во предвид дека имаат објавено оглас за набавка на морски плодови и октоподи кои чинат 400.000 денари, наменети за гозби на функционерите на СДС, јасно е зошто ја зголемиле ставката Угостителство во ребалансот за над 2 милиони денари.

Очигледно поважна им е храната што самите тие ја јадат, отколку капиталните проекти кои ќе бидат од корист на сите граѓани.

Нивната потреба за луксузирање, гозби и ручеци со морски плодови и октоподи, ја отсликува нивната негрижа и незаинтересираност за одговорно водење на државата.

Очигледно на Зоран Заев и Пеце Мирчевски поважни им се октоподите и морските плодови отколку капиталните проекти кои се во корист на граѓаните.

Луксузот и елитизмот, како и негрижата за државата се вечната навика која ја има СДС. Ова веќе граѓаните го имаат видено неколку пати кога на власт биле владите на СДС.

 

Ваквиот начин на недомаќинско работење е само потврда дека ниту имале намера, ниту имаат намера да работат во корист на народот. СДС работат само за нивните лични интереси и лични луксузирања.

 

 

 

12.07.2017 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега