Александрова: Европската Унија да остане принципиелна и да го осуди грубото партизирање на државата
Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Емилија Александрова.
Режимот на СДС започна со чистките и бруталната партизација на државата за која сметката ќе ја плаќаат граѓаните со свои пари, истакна на денешната прес-конференција Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.
Во буџетот за нови привремени вработувања и други ставки со кои ќе се финансира партизацијата се предвидени повеќе од 100 милиони денари. Со овие пари на граѓаните Заев ќе ги плаќа фактурите кон оние кои му помогнаа да дојде на власт преку насилство и на нелегален начин.
Ветувањата на Заев дека ќе брка луѓе од работа и ќе вработува партиски кадри по методот „од чистачка до директор“ веќе започнуваат да се спроведуваат на дело. Без никаква законска основа се разрешуваат луѓе од своите работни позиции за кои имаат договори, а се вработуваат партиски послушници на Заев и СДС.
Партизацијата ја најави и пратеникот на СДС, Курто Дудуш кој на граѓаните им кажа дека членската книшка од СДС ќе им биде втора лична карта и без неа не може да се надеваат ниту на вработување ниту на било каква друга услуга која им следува како на граѓани.
Покрај партиските, СДС и Заев во администрацијата ќе вдомат и шарени војници профитери на кои им се исплатеше насилството и ширењето омраза. Наместо со парите на граѓаните да се подига стандардот и квалитетот на услугите во државата, повеќе од сто милиони денари ќе бидат искористени за Заев да им се оддолжи и на овие профитери кои глумеа невладин коректив на власта, за да се дограбат до фотелји и позиции.
Во 2006-та година Европската комисија во извештајот за Македонија имаше заземено принципиелен став дека се неприфатливи колективните разрешувања без соодветна основа.
Бараме Европската унија да остане принципиелна и да го осуди грубото партизирање на државата кое е спротивно на сите европски стандарди и искуства.
Со брутална партизација и чистки Македонија не може да се надева на напредок во евро-интеграциите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа