Петковски: Ветувањето дека членската карта на СДС ќе стане како лична карта и ќе има своја посебна партиска моќ, деновиве се реализира во полн ек
Предизборните ветувања на Заев и СДС дека ќе се брка од чистачка до директор како одминуваат деновите, така се повеќе и повеќе земаа замав. А, исто така ветувањето дека членската карта на СДС ќе стане како лична карта и ќе има своја посебна партиска моќ, деновиве се реализира во полн ек, истакна Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.
-Сега на ред пред претстојните локални избори се пушта оглас за вработување на 34 работни места на неопределено време. СДС половина Куманово го стави под хипотека од недомаќинското управување, а сега дополнително го оптеретува буџетот со вработување на своите партиски активисти. Општината чии претпријатија тонат во долгови и каде што нема средства за сервисирање на основните функции, а камо ли да се направи некој нов проект, сега повторно ПРЕВРАБОТУВА.
Овие работни места, додаде Петковски, кумановчани ќе ги чинат над 2 милиони денари месечно, само за плата на нововработените. Пари кои граѓаните ќе треба да ги одвојуваат за градоначалникот Дамјановски и СДС го платат цехот за своето опстојување.
-Пред дванаесет години кога го доби првиот мандат, градоначалникот затекна општина со помалку од триесетина вработени. За време на своето владеење успеа вработените во општината повеќекратно да ги зголеми, за да во оваа 2017-та година ова бројка порасне на скоро 250. Прашуваме дали општината за 12 години пораснала 8 пати, или пак се развила толку за да се оправда ова превработување од 800%. Веќе месец дена како управуваат со државата, гледаме дека нема покренато ниедна иницијатива за реализирање на ниту еден единствен проект кој би бил за доброто и за потребите на граѓаните, или животот кој што го ветуваа дојде само за членовите и симпатизерите на СДС.
Типичен пример, рече Петковски, за лошото владеење на СДС, покрај тоа што го гледаме во владата е исто така и Друштвото без одговорност, Општина Куманово на Градоначалникот Дамјановски.
-Куманово е пример кој во историјата ќе биде запаметен според тоа како не треба да се управува со една општина. Градоначалникот и СДС немаат слух за потребите на граѓаните, градот тоне во секој поглед, капитални инвестиции само се ветуваат, а нивна реализација со години нема. Општината е на сите граѓани. Дамјановски да не го залажува членството со партиски вработувања. Изборите се ближат, следи судот на кумановчани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа