Коњановски: ВМРО-ДПМНЕ ги спаси од колапс водостопанските заедници

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дискусиите, денеска се одржа панел дискусија на тема  „Поголема децентрализација на поранешните водни капацитети“. На дискусијата говореше Зоран Коњановски, кој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт ја спасил од колапс оваа дејност, поради лошиот закон кој бил донесен во 2003 година.

Ситуацијата како што кажа Коњановски била спасена со формирање на АД Водостопанство, откако претходниот предвидувал околу 120-130 водни заедници, закон против кој биле и земјоделците и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи земјоделците немале средства да ги одржуваат, бидејќи тие биле реновирани.

-За жал се повеќе и повеќе тонеа тие системи за водостопанство, немаше кадри кои водните централи можеа да ги користат, немаше градежни хидро инженери, нема хидротехничари, немаше проектна документација, не знаеа како да ги поправат дефектите. Секој се снаоѓаше како можеше и дојдовме до тотална колапс ситуација, изјави Коњановски.

Тој кажа дека сега пратениците ќе бидат исправени дали да направат национализација или функционална децентрализација, според неговите зборови подобра е втората варијанта, бидејќи со законот се укинаа сите водни здруженија, меѓутоа постојат некои кои сами си го изградиле системот и не е фер да им биде одземен. Жителите на село Крани инсистираат сами да управуваат со системот, зошто сами го направиле системот, но поради периодот пред избори не можел да се смени законот.

 

 

 

 

12.07.2017 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега