Костовски: Случајот Тортура е уште еден дегутантен пример на политички монтирано обвинение

 

Интегрален текст од изјава за медиуми, која е дадена денес, пред СЈО, при што се обрати  Дарко Костовски.

СЈО е политичко обвинителство, под контрола на СДС.

 

          Сите обвиненија кои СЈО ги поткрена и сите истраги кои беа спроведени, беа политички нарачки и имаа за цел рушење на угледот и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство.

          Случајот Тортура е уште еден  дегутантен пример на политички монтирано обвинение, базирано на погрешни претпоставки и лажни конструкции. Обвинението за наводната тортура, односно прекумерна сила врз уапсениот Љубе Бошкоски е смешно и истото претставува ноторен егземплар на политичко инспирирано обвинение со цел политичка елиминација.

          Дека ова обвинение на СЈО е партиска нарачка, која има за цел рушење на угледот на ВМРО-ДПМНЕ докажува записникот за задржување на лице, составен за случајот за апсењето на Бошкоски, каде е констатирано дека задржаното лице нема видливи повреди, дека нема потреба од лекар и нема забелешки. Највпечатливо е тоа што записникот своерачно го потпишале Љубе Бошкоски и неговиот адвокат Љубомир Михајловски Џанго. Ова е крунски доказ кој ниту СЈО, ниту било кој може да го негира и оспори.

          Случајот Тортура како и сите случаи на СЈО се со една единствена цел создавање на медиумски простор за негативна кампања против ВМРО-ДПМНЕ, која стои на браникот на државните и национални интереси и тоа го прави безпоштедно. СЈО има цел да создаде атмосфера додека Заев ги распродава името на државата, името на јазикот, историјата и нацијата, граѓаните да ги коментираат политички креираните обвиненија против ВМРО-ДПМНЕ.

          Граѓаните го прочитаа СЈО. Секому му е јасна спрегата СДС/СЈО и начинот на кој една институција во 21 век во една демократска држава креира политички монтирани случаи без докази, без основна аргументација надвор од сите правни норми и стандарди.

 

 

 

 

 

16.07.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега