ВМРО-ДПМНЕ со амандмани за реконструкции и нови училишта, водоводи, нови патишта, електрични автобуси за градски превоз во Скопје

 

Во пресрет на ребалансот на Буџет за 20017година која што е предложен од Владата на Република Македонија во македонското Собрание од понеделник ќе започне амандманската расправа на Комисијата за финансирање и буџет.

Од над 700 амандмани кои што се поднесени од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ има многу амнадмани кои што, како што велат од партијата се значајни за градот Скопје.

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека новата Влада скратила многу средства за значајни проекти за главниот град и оттука истите се поднесени како амандмани кои што се надеваат дека ќе бидат прифатени од мнозинството во Собранието бидејќи се во полза на граѓаните.

Како позначајни и приоритетни можеме да ги издвоиме изградба на ново училиште во Аеродром, реконструкција на средните училишта во Драчево, Ѓорче Петров и Аеродром, потоа реконструкција на Универзалната сала, набавка на 30 електрични минибуси и 20 електрични антобуси, изградба на неколку кружни тека низ градот за полесен проток на сообраќајот, нова пожарна станица во Кисела Вода и Бутел, иградба на велосипетска патека Кисела Вода-Центар-Ѓорче Петров, водовод во Гази Баба, Нерези Карпош и Ѓорче Петров, изградба на патот од американска амбасада преку Момин поток и индустриска зона до обиколницата како и други проекти кои што произлегуваат од барањата на граѓаните.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека овие амандмани но и сите останати кои се однесуваат на останатите градови и сите граѓани на Република Македонија се реални и упатуваат апел до Владата и до парламентарното мнозинство да се обезбедат средства за реализација на овие значајни проекти.

 

 

 

16.07.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега