Ивановски: Гаражата на Владата ја исчистија, но сметот по Куманово и Струмица не можат (ВИДЕО)
Интегрален текст и видео од прес конференција за медиуми, која се одржа денес, во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, при што се обрати Срѓан Ивановски.
Од животот во Македонија што го ветуваа СДС нема ништо. Се почнаа да реализираат само програмата што ја ветуваа им заостанува. Се што прават во моментот, прават надвор од ветеното и надвор од програмата. Гаражата на Владата ја исчистија, но затоа сметот по Куманово и Струмица колку и да се правдаат, не можат да го исчистат. Не е проблемот во тоа со колку капацитет на опрема располагаат, како што е проблемот на менаџирањето и управувањето генерално со Претпријатијата. Како и партискиот интерес.
Директорот на Кумановското Претпријатие Чистота и Зеленило се правдаше за работата на претпријатието и користеше некои ливчиња како отчет и план, но сепак резултатите на теренот говорат за спротивното. Во никој случај не смее да дозволи да ги критикува граѓаните за ѓубрето низ градот. Дрско и безобразно е таквото однесување. Како директор треба да изнаоѓа начини за справување со тоа што му е основната дејност. Нема простор за политика и политиканство кога е во прашање хигиената и услугите кон граѓаните.
Што се однесува до јавните набавки, повторно како одговорна опозиција прашуваме, зошто токму во еден месец се распишани толкави набавки и која е нивната оправданост?
Месецов, Директорот на Чистота и Зеленило Куманово распишал јавни повици во вредност од 2.470.121 денари за набавка на гуми за возилата во Претпријатието. Не интересира која е оправданоста во овој момент да се набавуваат тие ресурси кога претпријатието не котира добро финансиски и општината е во долгови и под хипотека.
Прашуваме?
Дали ова е еден начин за испумпување на пари од граѓаните кои би требало да се користат за локалните избори и финансирање на кампањата на СДС? Очигледно е дека со толкава сума јавни набавки за гуми треба во Претпријатието да имаат дел од возниот парк и формули.
Граѓаните бараат одговори, истовремено следат и ќе судат на следните избори !!!!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа