ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат СДС да ги реализира проектите што ги вети

 

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на потпретседателот на СДСМ, Благој Бочварски наведува дека граѓаните очекуваат СДСМ да ги реализира проектите коишто ги ветила во предизборниот период.

- Граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, 100.000 денари за докторите, 500 километри автопат, а не манипулации и безпредметни прес конференции, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ЛЕД мониторите набавени преку СОЗР се купени во транспарентна процедура и на законски начин, а доколку постои било каков сомнеж, државните органи да покренат соодветна постапка. 

Во реакцијата се вели и дека додека ВМРО-ДПМНЕ била на власт, имало средства за набавка на ЛЕД монитори, но и за покачување на платите, пензиите, за отворање на нови работни места и за инфраструктурни проекти. 

 

 

 

16.07.2017 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега