Атанасов: Алаѓозовски и СДС блокираат и стопираат уште еден проект важен за граѓаните, античкиот театар кај Скупи
Алаѓозовски и СДС блокираат и стопираат уште еден проект важен за граѓаните, античкиот театар кај Скупи. Во ребалансот на буџетот предвиден за изградба на античкиот театар Скупи, средствата наменети за проектот се укинати за над 80%. Ова потврдува дека СДС го блокира проектот, изјави денеска на прес-конференција во партиското седиште Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.
За жал на граѓаните, а за волја на вистината, ова ќе биде најнеуспешната влада која неинвестирала во културата.
Овој антички театар од римско време е еден од најголемите и најзначајните објекти на балканот и пошироко, кој со конзервација и реставрација ќе се возобнови и повторно ќе може да прими од 8 до 10 000 гледачи. Ова е еден од најважните проекти кој што во најмала рака наместо да го блокира, треба да го реализира СДС преку Министерството за култура.
СДС очигледно нема елементарни познавања за важноста на овој проект. Тие по секоја цена продолжуваат со деструктивноста, блокирањето и укинувањето на проектите кои се од огромно значење за граѓаните.
На новиот антички театар во Скопје, беше предвидено по реализацијата да има капацитет од 8 до 10 000 гледачи, и таму да се реализираат бројни културни програми, како и концерти за младите да може да се забавуваат.
Очигледна е намерата на СДС. Се што е проект или кадар на ВМРО-ДПМНЕ без разлика колку е корисно и од огромно значење за граѓаните, тие сакаат да го блокираат или сменат. Така беше и со срамното менување на директорите на театрите само затоа што биле блиски со Никола Груевски, без разлика колку тие се професионални и кредибилни во нивната работа.
Почитувани,
Стопирањето на проекти кои се од огромно значење за граѓаните, не носи корист никому. Ве повикуваме да не ја стопирате реализацијата на проектот за Антички театар Скупи. Наместо блокади, фатете се за работа, бидејќи вака ако продолжите ќе бидете запаметени како варвари на културата и културното наследство во Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа