Сите родители и се благодарни - Софи измислила најгенијална работа на светот
Многупати се случило родители набрзина да излезат од автомобилот и вратата автоматски да се затвори, а детето да остане на задното седиште.
Деветгодишната Софи во склоп на училишниот проект создала нешто што на родителите нема да им дозволи да заборават дете во автомобилот.
Нејзиниот изум е едноставен, тоа е растеглив спирален појас, кој од едната страна се закачува за седиштето на детето, а од друга страна за клучевите, кои ќе го потсетат возачот да оди до другиот крај на појасот и со самото тоа да го земе своето дете.
17.07.2017 - 12:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа