Македонската индустрија расте втор месец по ред

 

 

Индексот на индустриското производство во март 2013 година, во однос на март 2012 година, изнесува 104.2, објави Државниот завод за статистика, пренесе Економски. Со тоа, после 17 месеци опаѓање, македонската индустрија расте втор месец по ред.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст од 8.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација порастот изнесува 20.6%.

Според главните индустриски групи, производството во март 2013 година, во однос на март 2012 година, бележи пораст кај Енергија за 16.2%, Капитални производи за 36.1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 26.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 18.5%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – март 2013 година, во однос на периодот јануари – март 2012 година, изнесува 102.7.

 

најчитано сега