Колкава македонска фаланга ќе ги бодри кошаркарите во Словенија?

 

Се повеќе Македонци заинтересирани во живо да ги следат натпреварите на Македонија на Евробаскетот кој ќе се одржи во Словенија од 4. до 22. септември.

Според весникот „Вест“ досега, туристичките агенции продале повеќе од половина од аранжманите за натпреварите од првата фаза во групата “Б“, која ќе се одигра во градот Јесенице. Тоа значи, дека нашата репрезентација ќе ја бодрат околу 1.500 навивачи на натпреварите со Литванија, Србија, Летонија, Црн Гора и Босна и Херцеговина, односно од вкупниот капацитет на салата “Подмежакла“, Македонците ќе зафатат една четвртина.

-Една од агенциите кои организираат превоз, сместување и нудат влезници, продала преку 60% од своите пакети кои чинат по 24.900 денари. Друга агенција продала околу 300 пакети чии цени се движат од 200 до 700 евра во зависност од видот на сместувањето, цената на влезницата и патот. Голем дел од фановите сакале да си купат само влезници за петте натпревари и евентуално да резервираат сместување, а патот да си го организираат сами. Патувањето со автомобил до Јесенице за оние фанови што веќе имаат влезници ќе ги чини помеѓу 200 и 250 евра во двата правци. Оние што ќе патуваат со автобус ќе треба да издвојат околу 80-90 евра за повратен билет и уште 10-11 евра за воз од Љубљана до Јесенице, а приватното сместување во стан за една недела колку што ќе траат натпреварите чини 200-300 евра за четворица, пишува „Вест".

21.08.2013 - 11:30
Фото: 
идивиди

најчитано сега