„Ќе добиете и бесплатни свадби ако си најдете жена“ - градоначалникот на Македонски Брод увезува Украинки и Русинки за старите ергени
Големиот број на ергени го загрижил градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војневски, па одлучил на момците од Поречието да им нуди бесплатно патување до Русија и Украина за таму да си најдат невести. Војневски дури ветил и свадби на трошок на општината, објавува Канал 5.
Во Македонски Брод некогаш живееле 24.000 жители, а сега населението брои само 8.000 луѓе. Девојките “бегаат“ во поголемите македонски градови или надвор од државата, за мажите се соочуваат со дефицит на девојки за мажење. Ваквиот проблем го натерал Војневски да им понуди на над 200 стари ергени од Поречието да си ја пронајдат љубовта во Русија и Украина.
Битолска невладина организација им ги нуди младите Русинки и Украинки на ергените, но, засега има само четворица пријавени. За да се формира групата која на трошок на Општината ќе оди во Русија и Украина, треба да има минимум 20 кандидати.