ВМРО-ДПМНЕ избра нов ИК и нов Генерален секретар
Најголемата политичка партија во Македонија од вечерва има нов Извршен Комитет дознава Press24 од високи партиски извори. Според нашите информации, вечерва, партијата донела одлука за промена на поголемиот број кадри во ова извршно партиско тело, кое и ја води партиската политика.
Според нашите информации, покрај лидерот Груевски, од старите кадри во извршниот комитет остануваат Никола Попоски, Никола Тодоров, Илија Димовски, Антонио Милошоски, Емил Димитриев, Коце Трајановски, Влатко Ѓорчев и Александар Николоски, Нермин Теловска, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски и Зоран Савески.
Партијата го менува и Генералниот секретар. На местото на Емил Димитриев кој ќе остане во највисокото партиско тело, доаѓа Христијан Мицковски.
Според неофицијални и се уште непотврдени информации, во Извршниот комитет место добиваат и екс портапролот на Владата Александар Георгиев, историчарот Никола Србов, Богдан Илиевски – Бетмен, професорот Драги Димитровски, нефрологот Игор Николов, пратениците Зеќир Рамчиловиќ и Ана Лашкоска, екс министерот Џери Наумов, директорот на Катастар Славе Трпески, докторот од Лабуништа Сеад Солаковски, Марио Цветковски и ветеранката Дијана Транталовска како и Златко Перински кој беше директор на СЦ Борис Трајковски. Во ИК влегуваат и Светлана Колариќ, кошаркарската легенда Дејан Јованоски, Анета Стојановска Стефанова и Армин Незири од Дебар.
Извршниот комитет се уште е во тек, наскоро се очекуваат официјални информации.
„ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен Комитет! Едногласната поддршка од Централниот Комитет е голема обврска.
Чест ми е што во тимот ни се придружуваат докажани луѓе“ - напиша Антонио Милошоски на социјалните мрежи
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа