ВМРО-ДПМНЕ: На граѓаните им е јасно дека СДС крати огромни средства за капитални инвестиции, а одвојува милиони денари за партиски вработувања

 

Неспособноста на владата на СДС е огромна и јасно видлива и неа не може да ја покрие ништо, а камо ли пак една несигурна изјава на Благој Бочварски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ниту една бледа изјава, ниту партиска прес конференција нема да ја смени вистината дека СДС крати огромни средства за капитални инвестиции, а во исто време одвојува милиони денари за партиски вработувања. На граѓаните на Република Македонија им стана кристално јасно дека владата на СДС, не е реформска, туку антиреформска. Се што направи СДС не беше во полза на граѓаните, туку на нивна штета. СДС скрати милиони денари од парите наменети за средните и основни училишта, факултети, студентски домови, рурален развој, пензионерски домови, градинки, водостопанство и многу други. СДС со ништо не може да ја покрие својата неспособност и безидејност која ја манифестираа во првите два месеци од нивното работење, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:

„Граѓаните од СДС очекуваат реална работа, а не млатење на празна слама, граѓаните од СДС очекуваат 16.000 денари минимална плата, 30.000 денари просечна плата, 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта, 15% поврат на ДДВ со што граѓаните ќе добијат како што им беше ветено 30.000 денари на крајот на годината, а лекарите очекуваат 100.000 денари плата. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори“.

 

 

 

03.08.2017 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега