Данев: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се води грижа за младите генерации
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија во партиското седиште истакна дека многу студенти виделе бенефит од проектот на ВМРО-ДПМНЕ за ваучери за компјутери.
Тој посочи дека се надева оти СДСМ ќе даде поддршка на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за доделување на ваучери.
-За некое време ќе видиме како СДС ќе се однесува на власт и еден ваков проект кој е од интерес на студентите во Република Македонија ќе биде поддржан, истакна Данев.
Потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има направено многу во дигитализацијата и компјутеризацијата на образованието.
-Освен овие ваучери што беа давани на студентите во изминатиот период, ВМРО-ДПМНЕ прва и единствена го воведе и имплементираше проектот „Компјутер за секое дете“. Па така, пред секој средношколец и основец во Република Македонија, односно пред сите ученици и во основно и во средно образование ВМРО-ДПМНЕ обезбеди компјутер, посочи Данев.
Додаде дека секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт се води грижа за младите генерации.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа