Реакција на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Шилегов

 

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ попладнево, во реакција на прес-конференцијата на Петре Шилегов, наведува дека членот 8а од Изборниот законик е многу јасен, не дозволува продолжување на постапките од распишување до одржување на изборите.

- Постапките кои се почнати се ставаат во мирување додека не завршат изборите. Ова е многу јасно и концизно наведено во Изборниот законик кој што беше донесен со консензус од сите политички партии, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, одговорноста за динамиката на работа на Собранието на Република Македонија е кај парламентарното мнозинство, а не кај опозицијата.

- Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ не се криви за тоа што парламентарното мнозинство и СДСМ не го виделе овој закон  и не го познаваат законодавството во Република Македонија, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ дополнува и дека Собранието на Република Македонија како највисок законодавен дом не смее да дозволи да се кршат законите и Уставот само за нечии, како што наведува, лични или партиски интереси.

 

 

 

07.08.2017 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега