ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Заев и Царовска планираат од Македонија да направат мигрантска населба
Со доселувањето на мигрантите директно се атакува врз економската сигурност на граѓаните. Евтината работна сила ќе предизвика намалување на платите, и нови отпуштања, помалку пари за социјална помош и дисторзија на системот. СДС, Заев и Мила Царовска планираат од Македонија да направат мигрантска населба, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Неспособниот СДС и Заев не умеат да водат грижа за потребите и заштитата на граѓаните во Македонија. Со усвојување на Стратегијата за мигранти, бегалци и странци 2017-2020 година и акцискиот план и необисмислените чекори на владата на СДС и министерката за труд и социјална работа Мила Царовска се доведува во опасна ситуација целокупната демографска, безбедносна и економска состојба на нашата земја. Ваквиот пристап на Заев и Царовска со градење на кампови за бегалците и давање на државјанства на бегалците и мигрантите предизвика голема загриженост и несигурност кај граѓаните. Јавноста секој ден се повеќе и повеќе се изненадува од управувањето и владеењето на СДС и Заев, стои во соопштението.
Поради негрижата на Заев и Царовска, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, со трајно населување на мигрантите на територија на Република Македонија може да отвори прашањето за безбедносната состојба на државата и сигурноста на граѓаните во земјата.
-Мила Царовска одбива да го слушне мислењето на граѓаните во однос за населување на мигрантите во неколку општини, па затоа вчера ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за нејзина промена од функцијата министер за труд и социјална политика. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека приоритет на било која влада мора и треба да бидат граѓаните на Република Македонија и да се стават во интерес и потреба на сопствените граѓани, а со оваа Стратегија за мигранти Заев и Царовска ги маргинализираат граѓаните на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да биде колатерална штета и нашите граѓаните да го трпат неуспехот од погубната политика на СДС и Заев. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимирана од страна на граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа