ВМРО-ДПМНЕ: Стратегијата за мигранти и бегалци ги загрозува безбедносниот и економскиот систем на државата
СДС не може да го сокрие фактот дека подготвува стратегија за мигранти и бегалци со која се подготвува терен за населување на 150.000 мигранти на територија на Република Македонија. Мила Царовска целосно неодговорно се обидува да го игнорира мислењето на народот и да спроведе стратегија спротивно со волјата на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Со оваа стратегија во опасност се доведува целокупниот безбедносен, здравствен и економски систем. Македонија од транзитна земја ќе стане земја во која постојано ќе се населат мигрантите. Според планот во стратегијата мигрантите ќе добијат право на државјанство со што ќе станат обврска на државата за нивна грижа за вработување во ситуација кога се уште невработеноста во Македонија е голема. Граѓаните секој ден се поизненадени од негрижата и неодговорноста од работењето на власта на СДС, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ се залага приоритет да биде грижата за граѓаните на Република Македонија и за нив да се обезбедат подобри услови за живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа