Ѓорчев: Заев и Царовска со недели ги нема да одговорат на прашањата поврзани со стратегијата за бегалци

 

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика, Владимир Ѓорчев,  на денешната седница на која се разгледуваат националната стратегија и акцискиот план за странци и бегалци истакна дека со нив во следните 4 месеци предвидени се 71 проект.

Ѓорчев посочи дека најзаслужните за овие стратешки документи, премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска веќе 2 недели молчат и не се појавуваат на Комисијата за да одговорат на многуте прашања.

-Има многу работи кои треба да се одговорат нив со денови и недели ги нема, потенцира Ѓорчев.

Според него, не станува збор за транзитна стратегија, туку стратегија со која трајно ќе се вдомуваат мигранти и бегалци на територијата на Република Македонија.

Ѓорчев истакна дека дека 218 илјади граѓани на Република Македонија се уште бараат работа, а според овие стратешки документи, во следните 10 години би требало да се вработувааат мигранти.

Во врска со олеснетото давање државјанство на овие лица, Ѓорчев праша кое е тоа олеснето давање на државјанство ако станува збор за транзитна стратегија?.

-Сочувствуваме со болката на овие луѓе, но Република Македонија за ова едноставно нема ресурси, истакна Ѓорчев.

По него на Комисијата се обратија градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, како и претседавачот со Советот на општина Битола, Силвана Ангелеска.

 

 

 

09.08.2017 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега