Димовски: Разрешувањето на Зврлевски е партиска одлука на СДС
Ирелевантно е во моментов како постапка разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, затоа што очигледно е донесена политичка одлука во политичка партија за јавен обвинител, што само по себе не е независност на институција, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ова е поврзано со проблемите што си ги имала таа политичка партија и нејзините водачи со овој јавен обвинител.
– Имаат вештачко мнозинство од 62 пратеници и мислат дека се можат да направат и дека немаат ограничување. Она што ние го понудивме како разумен концепт беше да го измениме Законот за јавно обвинителство и нашите измени одеа врз база на изборните ветувања на СДСМ. Тоа што тие го ветуваа дека ќе го прават како концепт за начин на избор на јавен обвинител, баравме да се изгласа во закон пред да се разреши овој јавен обвинител, Тој закон е во процедура, но не го виде денот кога Џафери ќе го стави на јавна расправа на пленарна седница – вели Димовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа