Кузмановска: СДС дневно ја задолжуваат државата за повеќе од 1,5 милиони евра
Во рок од два месеци владата на СДС стопи 126 милиони евра од девизните резерви и се задолжи над 100 милиони евра само по основ на државни хартии од вредност. Патем со ребалансот на буџетот најави дека ќе го зголеми долгот за дополнителни 150 милиони евра, изјави денес Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.
Таа вели дека ова е резултатот од расипничкото и неодговорно работење на владата на СДС. Дневно ја задолжуваат државата за повеќе од 1,5 милиони евра, а притоа нема никаков ефект, нема проекти, нема отпочнување или довршување на канализации, водоводи, училишта, градинки, патишта.
-Ете ова е лицемерието на СДС. Додека беа во опозиција ја зборуваа дека нема да се задолжуваат, а сега го прават обратното. Трошат пари безмилосно, а граѓаните од тоа немаат никаков ќар. Ниту министерот за задолжување Тевдовски, ниту Зоран Заев не даваат логично објаснување која е целта на повлекувањето на 126 милиони евра од девизните резерви или зошто се издаваат над 100 милиони евра државни хартии многу повисоки износи од доспеаните износи за исплата, вели Кузмановска.
Кумановска истакнува дека очигледно неспособноста на СДС граѓаните скапо ќе ја плаќаат. Ако за два месеци вака работат, тогаш само можеме да претпоставиме кога ќе ни се случи грчко сценарио.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа