Павлоски: Одговорност мора да има, Спасовски најмалку што може да направи е да си поднесе оставка
Одговорност мора да има и ќе има! Оливер Спасовски, најмалку што може да стори во случај кога од него раководената полиција пука во деца е да си даде оставка од морални причини. Едно 16 годишно момче се уште се наоѓа на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување каде се бори за живот, а второ 17 годишно момче закрепнува од хируршката интервенција во струмичката болница, изјави денес Сашо Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Двете момчиња се жртви на бруталното и непрофесионално однесување на струмичката полиција. Во децата пукаше струмичката полиција која ја води началникот Танчо Пројковски, кадар на Оливер Спасовски. Без раководно искуство, без соодветно образование Пројковски е поставен само за да дели решенија и да ја партизира полицијата. Затоа е хаосот. Затоа се доведени во опасност човечките животи, вели тој.
Павлоски додава дека трет ден поминува без трага и глас од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
-Нема ни жалење, нема ни сочувство до родителите. Нема ни смена на началникот, ниту оставка од морални причини. Два човечки животи се малку за Оливер Спасовски. За него е поважно неиспрано возило. Тогаш тој ги повикува медиумите под контрола на СДС/Сорос и прави спектакл. Тоа што ќе загинеа две млади момчиња од пукањето на струмичката полиција во нив за Оливер Спасовски не е настан. За него е поважно да си го мине денот на сплав, со музика и скапи пијалоци, истакна Павлоски
Според него неспособноста на Спасовски да раководи со министерството за внатрешни работи излезе на виделина.
-Спасовски и Заев работат исклучиво на сопствените интереси и на интересите на неколкумина партиски војници на СДС, а на штета на безбедноста на граѓаните. Ставени се во прашање безбедноста и сигурноста на граѓаните. Овој пат се во прашање два животи. Следниот пат, никој не знае колку. Граѓаните се револтирани поради неизвесноста во која што ја втурнуваат целата држава неспособниот Спасовски и неговиот шеф Заев. Граѓаните бараат одговорност за случувањата кој од ден на ден се повеќе ги загρижуваат. Одговорност мора да има и ќе има. Поρади несеρиозноста, неспособноста и хаосот што се креира од стρана на Заев и Спасовсκи, набргу ќе следуваат и политичκа и кривична одговорност, посочи Павлоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа