ВМРО-ДПМНЕ: Влада на СДС утре ќе ја задолжи државата и граѓаните за нови 44,7 милиони евра

 

Неодговорниот и некомпетентен министер за задолжување на СДС Драган Тевдовски распиша нова аукција на државни хартии од вредност. СДС продолжува со расипничкото однесување со парите на граѓаните и иднината на нашите деца. Расипничката влада на СДС за утре ја закажа новата аукција со која повторно ќе ја задолжи државата и граѓаните, изјави денеска на прес-конференција Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Заев и Тевдовски немилосрдно продолжуваат со задолжување на Република Македонија. На утрешната закажана аукција на државни хартии од вредност планираат да ја задолжат Република Македонија за нови 2.75 милијарди денари или 44,7 милиони евра. Да, добро слушнавте, утре предвидуваат долгот на Република Македонија да го зголемат за нови 44.7 милиони евра, изјави Делево.

Тој нагласи дека лицемерниот СДС до пред само два ипол месеци додека беше во опозиција, беше остар противник на аукциите на државни хартии од вредност, за сега да гледаме како немилосрдно се задолжуваат без основ.

-За два ипол месеци додека е министер, Тевдовски заедно со утрешната аукција ќе има издадено државни хартии во вкупна вредност од 145 милиони евра. Целата јавност се прашува каде одат парите со кои Заев и Тевдовски ја задолжуваат државата. Во среда доспеваат за враќање 2 милијарди денари или 12 милиони евра помалку од она што планираат да се задолжат, рече Делев.

Неоснованото задолжување без покритие што СДС спроведе и на претходната аукција кога бараа 11 милиони евра повеќе од доспеаното.

-Граѓаните уште чекаат одговор во чии џебови завршуваат овие пари? Зошто СДС не го намали јавниот долг како што ветуваше пред избори, туку напротив го продлабочува? Дали сите овие средства служат за покривање на партиските вработувања на СДС во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат? СДС со ребалансот на буџетот до крајот на оваа година изгласа дополнително задолжување на домашниот и странскиот пазар од 150 милиони евра, но почнаа да ги топат и државните резерви, изјави Делев.

СДС мора веднаш да запре со расипничкото однесување со парите на граѓаните. СДС мора веднаш да запре со ставање на државата на коцка. СДС не може и не смее во бесконечност да ја задолжува државата за неосновани трошоци без притоа да ги праша граѓаните, од чии пари утре истиот тој долг треба да биде враќан.

-Да биде апсурдот уште поголем овие средства директно доаѓаат од македонската економија, од македонските банки со тоа што македонската економија станува многу по непродуктивна и со помалку средства кои што можат граѓаните да ги зимаат од банките. Заρади ваквата неодговорност, негρижа и неспособност на владата на СДС набρзо ќе следи политичκа одговоρност на претстојните локални избори, заклучи Делев.

 

 

 

 

 

14.08.2017 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега