Ристов: Одговорноста за настанот во Струмица треба директно да ја преземат министерот Спасовски и началникот на СВР Струмица

 

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со панел дисусиите, на денешниот панел насловен „Младите сакаат безбедна иднина“, говореше Владимир Ристов, претседател на  УМС на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица. Денеска младите зборуваа за немилиот настан кој што се случи во Струмица, каде полициски службеник пукаше во малолетно дете. Тој кажа дека струмичката јавност е згрозена од овој настан и надополни дека посебно ги загрижува тоа што станува збор за младо лице.

-Безбедност на нас младите ни е важна, за нашата безбедност како што се грижат нашите родители, треба да се грижи и полицијата. Поимот полициска бруталност секогаш е поврзан со власта на СДС. Во 1992 година во Струмица се случи најголемата полициска бруталност во државата, кога од полицијата брутално беа истепани граѓаните од село Кутлеш, кога земјоделците протестираа, ден денес тие граѓани ги трпат последиците од овој немил настан, кога полицијата сакаше на најбрутален начин да го спречи протестот, изјави Ристов.

Тој кажа дека со владеењето на СДСМ се поврзуваат многу неразјаснети работи како што се убиства, запалени автомобили, атентати.

-Ние секогаш сме ја поврзувале полицијата и на настани што се и на настани што се организирани секогаш со аплауз им се заблагодаруваме. Но, чувствуваме одговорност, некогаш кога ќе биде загрозен млад живот да реагираме на тоа, изјави Ристов.

Тој кажа дека оние кои порано правеле протести против полициската бруталност сега никаде ги нема.

-Одговорноста за настанот треба директно да ја преземат министерот и началникот на СВР Струмица, а не да ја префрлуваат на лицата кои учествувале во таа акција. Лицемерно е од нивна страна, цело време повикуваат на одговорност, а сега истите кога се на власт не сакаат да се сносат со истата, изјави Ристов.

 

 

 

 

15.08.2017 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега