И Владата барала мислење од Антикорупциска за вработување нови кадри во време на изборите
И владата на СДСМ барала мислење од Антикорупциската комисија за тоа дали може да се вработуваат нови кадри во времето до локалните избори.
Според документот кој вчера пристигнал на Илинденска, Владата на 10 август побарала од антикорупционерите 93 одговори на прашања, главно поврзани со вработувања и прераспределба на кадри во јавните институции, но и доделување концесии, носење и поништување на одлуки и слични прашања кои Владата ја интересирале а се однесуваат на одредбите од Изборниот законик кој забрануваат активности во периодот од распишувањето на изборите па се до нивното одржување.
Станува збор за документ на четириесетина страници кој комисијата го составила на седницата на 14 август.
Интересно е што овој документ Владата го примила во истиот ден кога Собранието го разреши Марко Зврлевски, иако и за него, Антикорупциска имаше доставено мислење до Собранието дека неговото разрешување е незаконско.
Според Талат Џафери, Собранието нема барало мислење од ДКСК и нема обврска да го почитува.
За пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа е прекршување на законот и тие ја напуштија седницата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа