ВМРО- ДПМНЕ: СДС ги укинува проектите кои може да ја подобрат иднината на младите
СДС продолжува со лицемерната политика кон младите. СДС и Стефан Богоев да престанат со празни зборови и лажни ветувања да манипулираат со младите. Младите се што видоа досега во овие два ипол месеци од владата предводена од СДС се укинувања, деструкции, блокади и кратења на мерки и поволности од кои директно имаа корист само младите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Од политиките на СДС досега единствено корист имаат само нивните членови, членовите на невладините поврзани со СДС, твитерџии и активисти кои учествуваа во Шарената Револуција. Ниту еден млад човек кој не е поврзан со споменатите нема видено никаква корист и никаква поволност од политиките на СДС. СДС не само што укинуваа проекти кои им ги подобруваа условите на младите сега почнаа да копираат и проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше таа која беше критикувана од страна на СДС за нејзината помош кон земјоделците и прва која започна со проектот „Млад земјоделец“ што беше одлична можност за младите да започнат со производство и сопствен земјоделски бизнис, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ, се додава, спроведе и мерка за вработување на млади лица до 29 години, која отвори илјадници работни места.
-Освен тоа ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои инвестираа во подобро образование што доведе до квалитетен кадар за работа со што големите компании се сконцентрираа на вработување на младите, со што се намали огромната невработеност која беше наследена токму од партијата на Стефан Богоев. Младите веќе го видоа вистинското лице на СДС и нема да дозволат да бидат излажани. Тие веќе ја видоа безобразната и лицемерна политика на СДС и за нивните погрешни политики ќе ги казнат на следните локални избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа