Николов: Со поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеавме да реализираме голем број проекти во Радовиш

 

Продолжуваат панел дискусиите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната се говореше за проектите сработени од локалната самоуправа во општината Радовиш. Градоначалникот Сашко Николов, дека досега во патната инфраструктура се инвестирани 3 милиони евра и порача дека граѓаните на Радовиш знаат да препознаат кој инвестирал, а кој не инвестирал.

Тој кажа дека патната инфраструктура не била единствена во работењето на општината, туку биле опфатени и други сфери.

-Успеавме да реализираме доста канализациони мрежи. Значи како општина успеавме да решиме децениски проблеми, кои што беа голем проблем за повеќе села и населби. Секако мора да го потенцирам значењето на овие проекти за луѓето, мора да кажам дека овие проекти се реализираат поради соработката на општината со светот на општината, како и поради големата поддршка од претходната Влада на Република Македонија, изјави Николов.

Тој кажа дека имало уште доста проекти, еден од решавањето на проблемите во здравството, во спортот и во многу останати области, за како што тој кажа сигурно немало да успеат без помошта на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

18.08.2017 - 18:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега