Груевски: Третата фаза од изградбата на булеварот „Борис Трајковски“ во завршна фаза
Активно се работи на третата фаза од изградбата на булеварот Борис Трајковски, кој е во завршна фаза, напиша на својот Фејсбук профил, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Со овој проект се изврши проширување од 2 на 4 ленти, во должина од 2 километри.
Вкупна вредност е 4 милиони евра. Сите три фази чинат 7.7 милиони евра, а по реализацијата на четвртата фаза инвестицијата ќе достигне 10 милиони евра.
22.08.2017 - 15:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа