ВМРО-ДПМНЕ: Стравот на СДС од Груевски, е сè поголем

 

Стравот на  СДС од Никола Груевски е се  поголем од ден на ден. СДС  е во паника и  грч со секое појавување на  Никола Груевски и ВМРО –ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека СДСМ со секој ден, со секој час од нивното работење, ја покажуваат, како што се вели во реакцијата, нивната  некадарност и неспособност за водење на државата.

-Народот ја препознава посветеноста на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,поради проектите кои ги  реализираа во општините со кои управуваа. Поради отчетноста во работењето и многу бројните проекти кои ги сработија во општините ,ВМРО-ДПМНЕ  ќе биде сигурен победник на претстојните локални избори, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, разликата помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и оние на СДСМ е  повеќе од  очигледна и додаваат оти токму поради таа разлика граѓаните ќе гласаат на 15-ти октомври за ВМРО-ДПМНЕ, за реални мерки и проекти, а не за празни ветувања и антидржавни политики.

 

 

 

22.08.2017 - 19:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега