Атанасовски: Со стратегијата за мигранти и бегалци, најголемиот товар ќе го имаат општините
Стратегијата за мигранти и бегалци во делот на локалната самоуправа предвидува дека најголем товар ќе имаат општините. Според неа, општините се тие кои најмногу ќе треба да учествуваат во делот на обезбедување на локации за домување, образование, опфаќање на децата од предучилишна возраст и смета дека ќе има многу проблеми, истакна претставникот од општина Гази Баба, Игор Атанасовски на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ, а на тема „Приоритет е грижата за македонските граѓани, а не мигрантите“.
-Во општина Гази Баба и сега имаме проблем со сместување на децата од предшколска возраст, ни фалат градинки се обидуваме моменталните капацитети да ги прошириме, но замислете што би се случило доколку во Гази Баба се населат 5.000 мигранти. Тоа ќе значи најмалку уште 300-500 нови дечиња. Општина Гази Баба не е толку богата општина и не е во можност сама да обезбеди услови за изградба на нови градинки. Ова ќе биде дополнителен товар за општината, вели Атанасовски.
Тој додава дека со оваа Стратегија, во поглед на безбедноста, нема да се зборува за инциденти меѓу луѓе кои транзитираат низ Македонија, туку за луѓе кои трајно ќе бидат населени во Република Македонија.
-Голем дел од бегалците кои сега се во Западна Европа, поминаа низ Македонија. Сведоци сме на голем број на тепачки, на немили настани. Луѓето гледајќи го сето тоа се исплашени за својата безбедност. Доколку минатиот бран за бегалци се случи повторно, замислете што ќе биде со Република Македонија. Населување, средства за безбедност, средства за нивно образование, со самиот тој факт луѓето се исплашени и мислам дека трајното населување на мигранти негативно ќе влијае на безбедноста, посочува Атанасовски на денешната панел дискусија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа