Антовски: Општина Аеродром прави максимални напори за зголемување на капацитети на градинките за нашите деца – децата мигранти би биле голем проблем

 

Пане Антовски од општина Аеродром на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека со Владината стратегија, СДСМ планира Македонија од транзитна земја да ја направи земја за трајно вдовување на мигранти.

Тој посочи дека Македонија досега се соочила со безбедносни проблеми поради големиот број мигранти на јужната граница во екот на бегалската криза.

-Сега како тоа би се одразило на комплетната ситуација во нашата земја по однос на сместувачките и згрижувачките капацитети е малку повеќе дискутабилно. Јас деновиве слушам по медиумите изјави од страна на претставници на ВЛадата и на министерствата кои пробуваат да го одвлечат вниманието од Стратегијата која тие ја планираат сега, во 2017 година, дека наводно Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година, Министерството за труд и социјала доставило документ кое бара од општина Сарај да предвиди локација за изградба на зграда за сместување на раселени лица, вели Антовски.

Според него, Министерството во 2012 побарало локации за изградба на објекти за раселени лица. Ова е само еден параван, рече Антовски, по однос на тоа што Владата на СДСМ планира да го спроведе, зашто во 2011 и 2012 воопшто не стануваше збор за каква било бегалска криза.

Антовски истакна дека бегалската криза која почна во 2013 година стана проблем на цела Европа, а посебно на Балканот.

-Ние како земја со два милиони жители мислам дека тешко би се справиле со ова, посебно со населуваењ на лица во општините каде што главниот финансиски терет би требало да го сносат по однос на нивното сместување, образување и комплетно вклучување во општествениот живот – од вработување до комплетно интегрирање во општеството, потенцира Антовски.

Појасни дека општина Аеродром во моментот прави максимални напори за да ги зголеми капацитетите на градинките, бидејќи моментно сите капацитети се исполнети.

-Се трудиме да изградиме нови објекти за постојаните жители. Населување на мигранти во општина Аеродром би ги отежнало и така комплицираните односи за сместување на децата. Тие деца понатаму би требало да продолжат со школување во основните училишта. Тоа мислам дека би бил еден од поголемите проблеми, потенцира Антовски.

 

 

 

22.08.2017 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега