Лазаровски: СДСМ го обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ дека нема услови за живот во Македонија и луѓето се иселуваат, а сега сакаат да вселат мигранти
Во општина Карпош стигнаа некои прашања од страна на Владата за тоа дали има простори и каде за изградба на населби или кампови каде би се сместиле бегалци. Сметам дека треба многу повеќе да се обрне внимание и за тоа да се дискутира и со локалната самоуправа. Не сум сигурен дали Република Македонија, особено министерството се подготвени да ги обезбедат условите и дали сме подготвени да го истрпиме овој товар, вели Сашо Лазаровски на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема „Приоритет е грижата за македонските граѓани, а не мигрантите“.
-Доколку дојде до населенување во општина Карпош ние ќе се соочиме со проблем околу капацитетите на градинките и училиштата. Општината има добра инфраструктура, но таа е проектирана за одредена бројка на луѓе, а сега овие бројки за донаселување ќе ни отворат нови проблеми, вели Лазаровски.
Според него сите прашања кои треба да се елаборираат пред граѓаните со цел тие да бидат информирани.
-Изминатиов период беше дискутирано нашите иселеници како би размислувале на оваа тема. Се дојде во ситуација да им се одземе правото на гласање, а сега може да имаме ситуација во која новите граѓани (кои понатаму би добиле државјанство) да имаат право да гласаат и да го прават политичкиот живот и да ја креираат иднината на нашата држава. СДСМ ја обвинуваше претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека нема услови за живот и дека нашите сограѓани се иселуваат, а сега сакаат да носат нови, нагласува Лазаровски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа